Двата ракометни битолски тима завршија со активности за 2021 година, а поголем дел од играчите имаат и репрезентативни обврски.

Подготовките за новата сезона екипата под водство на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб ќе ги започне на 12 јануари 2022 година.

Еурофарм Пелистер 2 своите зимски подготовки за вториот дел од сезоната ќе ги започне на 10 јануари 2022 година. Дополнително ќе бидат одредени контролните натпревари во претсезоната.