Шкупи оствари огромна победа (0-5) против Хегелман во Литванија и практично уште на првиот меч ги реши сите дилеми околу пласманот во следното коло од Конференциската лига. Фантастична претстава имаше Реналдо Цефас со четири постигнати гола, а погоди и Бразилецот Куевен. Тренерот Џихат Арслан секако е задоволен од триумфот, но вели дека таков меч нема да може да се повтори.

„Секако не очекувавме вака висока победа, но работевме напорно за ова. Иако ова за нас беше прв официјален меч, а Хегелман веќе има повеќе од 20 зад себе, дисциплината на теренот се покажа. Головите дојдоа навремено, Цефас покажа каков фудбалер е. Ќе се подготвиме за реваншот како за првиот натпревар. Ќе играме респектабилно против сите, со сериозен пристап како при оваа победа.

“Да го одиграме овој натпревар уште десет пати, нема да заврши 5-0. Овие мечеви се специфични, секогаш може да се случи нешто ново. Мислам дека Хегелман е добро физички подготвен и дисциплиниран, би биле конкурентни во нашиот шампионат. Ова беше прв настап во КЛ за нив, па им посакувам многу успеси во годините кои следат“, изјави Арслан.

Прикажи повеќе