Барселона продолжува со засилувањата за следната сезона и денес официјално го објави трансферот на Дарио Бризуела, кој доаѓа од редовите на Уникаха Малага.

28-годишниот бек-шутер се обврза на тригодишна соработка со каталонскиот гигант, а неговиот доскорашен клуб ќе добие отштета од 1,2 милиони евра. Бризуела во Уникаха ги мина последните четири сезони, а претходно уште настапуваше и за Естудијантес. Минатата сезона бележеше просек од 9,6 поени и 2,3 асистенции по натпревар.

Барселона успеа да доведе солидно засилување за бековската позиција и ростерот на тимот се збогатува со секој изминат ден. Каталонците се активни на трансфер-пазарот и успеаја да доведат уште еден европски шампион (по Вили Хернангомез), кој со репрезентацијата на Шпанија триумфираше на последниот континентален собир.

Прикажи повеќе