Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, повторно се врати во каталонскиот клуб за да му помогне на тимот кога е најтешко.

Информацијата ја официјализираа од клубот, од каде посочија дека е постигнат договор со Алвес да игра за Барселона до крајот на актуелната сезона. Но, играчот нема да може да игра до месец јануари, затоа што не постои опција да се регистрира.

Алвес од следната седмица ќе биде присутен на тренинзите на Барселона, а повеќе детали ќе бидат откриени на презентацијата на играчот пред медиумите.