20-годишниот данец успешно ги помина задолжителните лекарски прегледи, по што потпиша договор со „црвените ѓаволи“, а многу брзо клубот и официјално ќе го објави неговиот трансфер од Аталанта.

Тоа најверојатно ќе се случи пред саботниот пријателски натпревар со Ленс. Хојлунд се обврза кон англискиот гигант во наредните пет години, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона. Така тој може да остане на „Олд Трафорд“ до 2029 година.

Манчестер Јунајтед и Аталанта веќе постигнаа договор за цената на играчот, со тоа што „црвените ѓаволи“ ќе му платат загарантирани 75 милиони на клубот од Бергамо, со уште 10 милиони во вид на разни бонуси.

Ова ќе биде рекорден трансфер за Аталанта. Досега највисока сума добиена во касата на италијанскиот клуб беше од продажбата на Кристијан Ромеро во Тотенхем за 50 милиони евра.

Прикажи повеќе