Дамбраускиене: Украина мора да си го одбере правото за својата иднина

Литванија и Исланд го презедоа водството во формирањето на Украинската коалиција за деминирање, привлекувајќи учество од 21 земја. Како дел од оваа коалиција, Литванија ќе придонесе со оклопни транспортери за поддршка на потребите на вооружените сили на Украина. Дополнително, Вилнус одвои 1,2 милиони евра за програмата на НАТО за деминирање во Украина.

Во соработка со Литванија, Јапонија, Холандија, Словачка, Латвија и Ирска, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го иницираше Фондот за потенцијален развој на Украина (UCDF), со буџет од 65 милиони американски долари. UCDF ќе се фокусира на оптимизирање на монетарната политика и оданочување, зајакнување на финансискиот интегритет, борба против корупцијата и обезбедување техничка помош за справување со макроекономските предизвици во Украина.

Понатаму, Литванија предложи создавање на регистар на прекршителите на санкциите против Руската Федерација, покажувајќи посветеност на спроведувањето мерки против оние што ги прекршуваат меѓународните санкции.

-Литванија знае која е цената на слободата – повеќе од 50 години советска окупација, масовни депортации, ограничување на човекови права, но не успеаја да ја загушат желбата за слобода.

Во јули минатата година имавме Самит на НАТО во Вилмус, тогаш кога се соочувавме со најкоблексната и најнестабилна атмосфера после Студената војна. Алијансата ја зајакна поддршката за Украина која што се бори за слобода и правото да се приклучи кон ЕУ.

-Ние одбележуваме десет години од руската агресија врз Украина, агресија која што се претвори во целосна војна, војна која што имаше за цел целосно да ја уништи Украина. Историски гледано Украина секогаш била горда, непокорна, љубител на мир и секогаш непокорна кон Русија.

-Литванија заедно со нашите балтички и нордиските партнери сме први заложници Украина да си го одбере правото за својата иднина, изјави Шефот на Канцеларијата на литванската амбасада во Скопје, амбасадорката Вилма Дамбраускиене, на големата конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода.