Како Шведска стана земја со стапка на пушачи од 5 проценти, најниска во ЕУ? Благодарение на преминот од цигари на помалку штетни алтернативи. Постојат несомнени докази дека овој пристап е добар – оваа земја има и најниска стапка на болести поврзани со пушењето.
Професорот Карл Фагерстром, клинички психолог од оваа земја, речиси 60 години се бори против пушењето, но на неконвенционален начин, кој се базира на концептот за намалување на штетите од пушењето.
Својот прв придонес кон оваа цел го даде со студијата што ја спроведе во 1978 година. „Во тоа време на пазарот се појавија цигари со пониско ниво на никотин. Мислев – не, не, не, ни требаат цигари со повеќе, не помалку, никотин. Пушачите пушат поради никотинот, додека останатите супстанци не им предизвикуваат никакво задоволство, а се штетни.“ За потребите на студијата, цигарите биле прскани со спреј кој содржи чист никотин. Резултатите покажале дека луѓето пушеле помалку такви цигари, збогатени со никотин. Помалку горење, благодарение на чистиот никотин, според него, беше помалку штетен начин за консумирање цигари.
Целата негова борба се заснова на фактот дека никотинот не предизвикува болести поврзани со пушењето. „Оваа супстанца не е без ризик. Не треба да се користи во бременоста, но повеќето лекови не треба да се користат во бременоста, не се препорачува кофеин, особено треба да се избегнува алкохол. Ако го ставиме никотинот на скалата на штета, тој ќе биде далеку под цигарите и согорувањето, кое испушта илјадници штетни материи. А кафето веројатно би било исто толку штетно како и цигарите, доколку го запалиме и пушиме. Но, ние не го правиме тоа и затоа кафето е релативно безопасно. Самиот никотин, ако не се внесува со согорување на тутунот, е многу блиску до кафето и кофеинот на скалата на штети и секако е многу помалку штетен од алкохолот“, рече професорот Фагерстром на конференцијата „Потрошувачите и контролата на тутунот во Шведска“ одржана. во Стокхолм.
И покрај сите очигледни докази, невообичаено е што Светската здравствена организација сè уште го има истиот однос кон никотинот како кон цигарите и сака да го укине во секоја форма, вели професорот. „Разбирам дека мислат дека е можно да се ослободат од стимуланси како никотин, кофеин, алкохол. Истото го мислев и пред 50 години. Но, погледнете што се случува во САД во моментов – како што стапката на пушење се намалува, употребата на канабис се зголемува. Значи, можеби не е невозможно да се ослободиме од никотинот, но само ако сме подготвени да ја отвориме вратата за нови стимуланси“, вели професорот Фагерстром.
На истата конференција, д-р Андерс Милтон, поранешен претседател на Светската медицинска асоцијација, вели дека е јасно дека тутунот и алтернативите на никотин, како што се уредите што го загреваат тутунот, електронските цигари или никотинските ќесички, не се медицински производи. „Разликата е во тоа што можете да живеете со нив, додека пушењето цигари убива. Како лекар, верувам дека на пушачите мора да им се помогне да престанат да користат цигари. Има повеќе од милијарда од нив во светот. Половина веројатно ќе умре од некоја болест поврзана со пушењето ако не преземеме ништо. Секако дека не го сакаме тоа. Можеме ли да им помогнеме? Да!, тврди д-р Милтон, нудејќи како решение за намалување на штети и производи без чад од никотин.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.