Екипата на Далас реши во последните моменти од преодниот рок во НБА-лигата, да се солободи од центарот Кристапс Порцингис.
Летонецот ќе ја продолжи кариерата во редовите на екипата на Вашингтон, кој во спротивен правец ќе го испрати Спенсер Динвиди.
Порцингис своевремено важеше за еден од најдобрите центри во лигата, но серијата повреди на коленото го турнаа надвор од формата. Поради ова причина, првите луѓе на Далас се решија на ваков потег, бидејќи сакаа да имаат центар , кој ќе му помогне на Лука Дончич во продолжение на НБА сезоната. Потсетуваме дека денеска е последхиот ден од преодниот рок.