Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ќе ја посети Турција пред да замине за Москва и Киев.

Advertisements

Според соопштението на ОН, Гутереш утре ќе ја посети престолнината Анкара, каде ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој потоа во вторник ќе отпатува за Москва, каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе има работен ручек со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Неговата последна станица ќе биде в четврток во Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитро Кулеб.

Турција се постави како посредник меѓу Украина и Русија за време на војната и беше домаќин на мировните преговори меѓу двете страни.

Прикажи повеќе