Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис (44), следната недела официјално ќе влезе во трката за претседател на САД во 2024 година, објави „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори, пренесува Ал Џезира.

Де Сантис најверојатно ќе поднесе документи за да ја објави својата кандидатура на 25 мај, што се совпаѓа со состанокот на донаторите во Мајами.

Во поканата за настанот на 25 мај се вели дека донаторите ќе бидат ставени на „работа“, што е очигледна алузија на собирање пари за Де Сантис, посочува извор запознаен со настанот.

Де Сантис е можеби најмоќната закана за напорите на Трамп да ја добие републиканската номинација за трет мандат во 2024 година.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека тој е во најдобра позиција меѓу републиканците за дуел со поранешниот претседател Трамп, кој веќе ја објави својата кандидатура.

Прикажи повеќе