Четворица загинати и над 50 повредени е билансот од тешката несреќа што се случи во близина на грчко -македонската граница, поточно во областа позната како „Евзони“. Во автобусот со српски регистарски таблички удрил автомобил со грчки регистарски таблички, кој го управувал 60-годишен маж. Тројца патници во автомобилот починале на местото на настанот, додека возачот починал во болница. Автобусот со српски туристи, додека се обидувал да ја избегне несреќата, завршил надвор од патот удирајќи во друг автомобил со српски регистарски таблички во кој имало жена и две деца на возраст од 6 и 9 години.

Првичните претпоставки се дека возачот на автомобилот со грчки регистарски таблички заспал што било причина за судирот. Патниците од автобусот поради повредите се пренесени во најблиската болница во Солун. Ниту еден од патниците не се во животна опасност.

Во првите часови по несреќата сообраќајот кон граничниот премин беше блокиран, додека во текот на денот МВР соопшти сообраќајот е прооден – нема пречки и долго чекање.

Адриан Керими

Прикажи повеќе