Селекцијата на Грција буквално преку ноќ од еден од најголемите конкуренти за медал падна на просечен тим за кого успех ќе биде пласман во нокаут-фазата на на претстојното Светско првенство (СП) во Филипини, Јапонија и Индонезија, откако се појави информација дека на ова натпреварување ќе настапат без двете најголеми ѕвезди.

Станува збор за Јанис Адетокумпо и за Костас Слукас, кои најавија дека поради повреди нема да настапат на Мундобаскетот.

Оваа информација засега е неофицијална, но блиски извори до кошаркарите на Милвоки Бакс односно Олимпијакос, потврдуваат дека таа наскоро ќе биде потврдена и од селекторот Итудис.

Претстојното СП 2023 ќе почне на 25 август, а новиот шампион ќе биде одреден по финалната средба закажана за 10 септември.

Прикажи повеќе