Џек Грилиш беше во центарот на вниманието на светската јавност откако се опиваше до бесвест по финалниот натпревар од Лигата на шампионите против Интер. Неговиот Манчестер Сити победи со 1:0 и ја освои тројната круна сезонава, а англискиот репрезентативец славеше бурно и не се отрезнуваше со денови. После тоа некако успеа да се отрезни. Тој се приклучи на репрезентацијата на Англија и доби половина час во убедливиот триумф (7:0) против Македонија.

Грилиш не се кае за тоа што се случи. Тој тврди дека е таков и дека не сака никого да лаже за тоа што прави во слободното време.

„Знаев што правам. Таков сум и така излегувам и се забавувам. Во ред, не е секогаш толку жестоко, но ја освоивме тројната круна и тоа е нешто што веројатно никогаш повеќе нема да се повтори. Уживав, но не сум единствениот. Сите ме снимаат мене, но можам да ви покажам одредени снимки каде другите се исти како и јас. Никогаш нема да лажам и да кажам дека не пијам и дека не се забавувам. Тоа го правам постојано. Искрен сум, го живеам мојот сон играјќи за најдобриот клуб во светот “, изјави Џек Грилиш.

Тој стана член на „граѓаните“ во 2021 година. Манчестер Сити на Астон Вила и плати речиси 120 милиони евра. За тимот од „Етихад“ за две години одигра вкупно 89 натпревари и има ефект од 11 гола и 15 асистенции.

Претходно со години настапуваше за Астон Вила каде израсна во младинските категории на овој клуб. За првиот тим настапи 213 пати, постигна 32 гола и забележа 43 асистенции.

Прикажи повеќе