Откако во текот на вчерашниот ден новиот прволигаш тимот на Гостивар го пpомовираше Анид Абази, за нов играч веќе денеска се очекуваат уште две нови лица во сино белиот дрес.

Се работи за екс македонските младински репрезентативци Михаил Маневски односно Фајтон Јусуфи.

Маневски по неуспешната авантура во Шкендија, најпрво одработи мандат во својата матична Брегалница, а летово се сели во Гостивар. Јусуфи пак последно настапуваше за тимот на Струга Трим Лум, а беше и дел од Ширак, Партизани Тирана, Ренова./Sportmedia.mk/

Прикажи повеќе