Тимот на Клиниката за гинекологија отфрла одговорност за случајот со 39 годишната родилка, која почина синоќа од тешките повреди со кои се здоби при скок од прозорец на ГАК неколку дена по породувањето.

Иако Државниот здравствен и санитарен инспекторат со вонредниот инспекциски надзор  по несреќата, констатираше  пропусти и издаде решение за утврдување одговорност кај здравствените работници кои не обезбедиле психијатар за родилката иако  во два наврати таа покажала вознемиреност, сепак од Клиниката за гинекологија велат дека  презеле се.

На инспекторите ќе им одговорат следната недела.

извор Телма

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.