Гостувањето на фудбалска репрезентација на Германија во Скопје, каде што вечерва ќе ги одмери силите со Македонија во меч од квалификациите за СП 2022, е причината поради која вечерва во престолнината ќе присуствуваат многу големи имиња на германскиот фудбал.

Еден од нив е поранешниот фудбалер на Шалке, Борусија Дортмунд и Тотнем, Штефан Фројнд, кој во минатото работеше како тренер и скаут, а сега е во улога на стручен аналист за телевизија. Тој веднаш по пристигнувањето во македонскиот главен град, ја искористи можноста да прошета и покрај разгледувањето на знаменитостите, тој не пропушти да се фотографира пред графит на Вардар, пренесе СПОРТ 1.