Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 140.160 нови случаи на коронавирус, што е највисоко од почетокот на пандемијата.

Германија трет ден по ред го соборува рекордот по број на новозаразени, а пријавени се 170 смртни случаи, соопшти Институтот Роберт Кох.

Пред само една недела бројот на заболени на дневна основа не надминуваше 92.000, пренесува „Билд“.

Според овие податоци, седумдневната инциденца на инфекција за прв пат надмина 600.

Прикажи повеќе