Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа денес дека го прочитал писмото на опозициските партии во кои се бара распишување избори, во рок од четири месеци.

Како што кажа Вучиќ, тоа значи дека изборите би биле на 2 март.

„Го прочитав писмото на партиите од поранешниот режим. Тие, всушност, велат дека изборите мора да бидат распишани до крајот на декември, што значи дека изборите би морале да бидат на 2 март, колку што сфатив“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека опозициските партии ќе добијат и задоволувачки одговор, но дека не му е јасно што чекале до сега, и зошто тоа веднаш не го побарале.

„Може да биде и порано, ќе видам. Само не знам што правеа до сега. Ќе донесеме одлука, ќе бидат задоволни од одлуката, но се плашам дека ќе бидат незадоволни од својот народ“, кажа Вучиќ.