Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска во Брисел нема да разговара со Албин Курти бидејќи, како што наведе, косовскиот премиер не е заинтересиран за мир, туку само за протерување на Србите од Косово и Метохија.

Вучиќ во гостувањето на РТС рече дека „знае дека се приближило донесувањето на различни одлуки“.

„Денеска ќе одам во Брисел да разговарам со (високиот претставник на Европската унија, Жозеп) Борел колку што сака, час, два, десет. Но, со Курти немам за што да разговарам“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија е во тешка ситуација, потсетувајќи дека таа е единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија поради војната во Украина.

„Ние сме под најголем притисок. За Косово и Метохија, денес разговараме само со колективниот Запад. Сакаме да изградиме посериозни и одговорни односи со САД, но некои луѓе треба да ги разберат нашите политички ставови и да сакаат да не сослушаат. Што се однесува до Европејците, ние ќе ги слушаме, но не ја разбирам смислата за одењето во Брисел. Одам да разговарам со нив за да не ми кажат дека не сум дошол во Брисел“, додаде Вучиќ.