Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Косово создава исклучително силна воена сила и дека тоа го раководат САД, спротивно на меѓународното право и резолуцијата 1244 на ОН, нагласувајќи дека поради тоа, Србија мора драстично да ја зајакне својата војска.

Српскиот претседател кажа дека тоа не е дозволено според меѓународното право и одлуката на Обединетите нации, но дека тоа нив не ги интересира „затоа што им се може“.
Тој прецизираше дека Косово добива најголема воена помош од САД, Турција, Германија, Велика Британија, но и од соседна Хрватска.

Прикажи повеќе