Српскиот претседател Александар Вучиќ го отфрли барањето на опозицијата за меѓународна истрага за наводни изборни нерегуларности, наведувајќи дека изборите во Србија се „прашање на државните институции“.

Граѓаните во Србија протестираат од 18 декември на покана на најсилната опозициска коалиција „Србија против насилството“, која бара поништување на изборите, тврдејќи дека имало изборна кражба. Владата демантираше, а извештаите од домашни и меѓународни набљудувачи укажуваа дека има изборни нерегуларности.

Вучиќ рече дека изминатите избори во Србија се одржале со „никогаш помалку приговори“ и дека претставниците на партиите од списокот „Србија против насилството“ ги потпишале „сите записници“ на избирачките места.

„Странските набљудувачи од нивните сестрински партии го потпишаа записникот. Се сетија дека имаат проблем кога видоа дека загубија во Белград и тоа убедливо. Во јули-август загубивме дури осум отсто во Белград, но сега успеавме да победиме и тоа се драматични промени“, рече Вучиќ на 2 јануари.

Прикажи повеќе