реклама

Изминатите неколку денови на запад од Европа беа многу топли, а летото во октомври го нарушува животниот циклус на растенијата.

Есента е време кога растенијата влегуваат во период на одмор, но во парискиот регион последните денови термометрите забележаа 27 степени и тоа ги збунува растенијата. Некои дрвја доживуваат втора пролет, пренесува РТС.

реклама

„Обично црешата цвета само во пролет, а не двапати годишно. Не ни знаев дека постои ова, никогаш досега не сум го видел“, вели една Французинка.

Во нормални климатски услови, дрвјата треба да влезат во период на одмор, кога ќе престанат да растат. Така собира сили за зимата за да се заштити од студот и подготвена да ја дочека пролетта. Затоа ваквата еволуција ги загрижува овоштарите, бидејќи родот од следната сезона е веќе загрозен.

реклама