Вкупно четириесет и еден мигрант загинаа во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, информираа преживеаните во несреќата за локалните медиуми, пишува „Би-би-си“.

Четворицата преживеани им кажале на спасувачите дека биле на брод што го напуштил Сфакс, Тунис и потонал на пат кон Италија. Четворицата преживеани, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, пристигнаа во Лампедуза во средата.

Повеќе од 1 800 луѓе досега ги загубија животите оваа година преминувајќи од Северна Африка во Европа.

Прикажи повеќе