Во најважното нафтоносно подрачје во Албанија, Шпираг, по речиси 10 години работа, се потврдени големи резерви на гас и нафта со највисок квалитет. Одлучувачкиот тест за стабилноста на подземниот притисок се подготвува и во случај на успех, ќе значи историски скок во економскиот живот на државата. Премиерот Еди Рама изврши увид во нафтената област Шпираг 5, каде што е успешно завршена фазата на дупчење. Ако таа може да се експлоатира, тоа ќе значи голем профит за државниот буџет.

„Откриената нафта е со прв квалитет. Кај нас тоа првпат се случува бидејќи другите извори се извори на тешка нафта, која не е вклучена во потрошувачката на возилата и нејзината вредност е многу поскромна. Според анализите направени во холандската лабораторија, нафтата во Шпираг е еднаква на премиум нафтата на Саудиска Арабија“, рече Рама.

Прикажи повеќе