Влора Марина Резиденс и Мериот Интернешнел го потпишаа договорот што го отвора патот за меѓународно сертифицираниот хотел со 5 ѕвезди во Влора Марина. Инвестицијата од над 100 милиони евра предвидува формирање и управување со хотелот Влора  Мериот Хотел, како и воведување на нов концепт на брендирани станови во Албанија и регионот.

Новиот хотел ќе се наоѓа во срцето на Валона и ќе биде дел од инвестицијата во Влора Марина. Проектот  вклучува марина од светска класа со 438 места за укотвување на јахти и мегајахти, премиум апартмани со поглед кон море, единици за услуги и простории за забава.

Влора Мариот Хотел предвидува хармоничен развој на градскиот пејзаж со тоа што ја носи извонредноста на долгогодишното искуство на хотел со 5 ѕвезди, и брендирана резиденција, нов концепт, кој додава друга димензија на овој проект.

Договорот со Мериот Интернешенел претставува важен почеток за Валона и за највисоките стандарди што Албанија ги присвојува во областа на туризмот и угостителството. И хотелот со 150 соби и брендираните станови ќе бидат управувани од истиот тим на Мериот, гарантирајќи највисок меѓународен квалитет и стандарди.

Во својот говор, пред потпишувањето на договорот, Ардијана Соколи, потпретседател за недвижности на ГРУПАЦИЈАТА БАЛФИН , рече дека оваа соработка  со стандардите кои се предвидени да се спроведат, целосно ги менуваат правилата на игра во хотелската индустрија во Албанија.

„Денес, стоиме тука со нашите партнери од Мериот обединети во нашата визија и посветеност да го направиме хотелот Влора Мериот одличен пример за извонредност во угостителството. Силно веруваме дека Валона ќе стане еден од најважните медитерански градови и знаме на албанската сина економија. Заедно со нашите домашни и меѓународни партнери, воведуваме иновативни концепти во архитектурата и урбаните објекти кои ќе ја трансформираат сегашната област преку подобрување на понудата на Валона како туристичка дестинација, зајакнување на домашната економија и создавање повеќе можности за вработување.“

Додека пак претставниците на Мериот, Силвија Ловрета, директор за Југоисточна Европа,на Мериот Интернешенел го оцени овој договор како исполнување на побарувачката на земјата за вакви брендови во угостителската услуга.

„Ова е концепт кој за прв пат го носиме во Албанија и многу сме горди на него. Овој договор ја зајакнува побарувачката што ја гледаме во земјата за присуство на меѓународни брендови. Задоволни сме за оваа соработка со Валона Марина преку зајакнување на нашето присуство во Албанија“

За Џулиен Лалоје, директор за развој во Мериот Интернешнл, ова е прв хотел Мериот во албанското крајбрежје и прв проект во однос на брендирани станови. „Работевме со најдобриот тим во однос на хотелски проекти и други средини. Ова е наш прв проект во Албанија во однос на живеалиштата. Ние сме многу уверени дека тоа ќе биде вистински успех. “

Погоден како за тие што патуваат деловно и туристички, Влора Мериот Хотел нуди 150 соби и апартмани, како и над 100 станови за продажба под името Влора Мериот Резиденс. Хотелот вклучува внатрешен и надворешен базен, четири ресторани и барови, приватна плажа со бар на плажа, спа центар, фитнес центар и модерен простор за бизнис и состаноци. Ќе има и социјален забавен центар за посетителите и граѓаните на Валона 24 часа на ден. Резиденциите се планирани да бидат од 75 до 220 м²  со една, до четири спални соби, нудејќи им на жителите пристап до приватна теретана, како и избрани угостителски објекти.

Мериот Интернешенел вклучува портфолио од повеќе од 8.500 имоти под 31 голем бренд кои опфаќаат 138 различни земји и територии. Мериот работи и обезбедува франшизи за хотелски менаџмент низ целиот свет. Со речиси 600 хотели и одморалишта во над 65 земји и територии низ целиот свет, хотелите „Мериот“ продолжуваат да се истакнуваат во уметноста на гостопримството.