Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Пекинг каде ќе се сретне со неговиот кинески колега Си Џинпинг, во посета која, како што се најавува од странските медиуми, ќе ја покаже длабоката меѓусебна доверба и партнерството без граници меѓу Кина и Русија. Путин и неговата придружба утрово слетаа на меѓународниот аеродром во Пекинг.

Путин последен пат ја посети Кина за време на Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари 2022 година, кога Русија и Кина објавија дека нивното партнерство „нема граници“, неколку дена пред рускиот претседател да испрати десетици илјади војници во Украина.

Путин ќе се сретне со Си во среда.

Прикажи повеќе