(ВИДЕО)100 дена во 100 секунди: Ова е најголемото раселување на Палестинците од 1948 година

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА)  денеска соопшти дека војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври, доведе до најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година.

УНРВА објави и видео во кое низ потресни фотографии  во 100 минути ги прикажува 100 те дена од страдањето на Палестинците

„Ова е најголемото раселување на палестинскиот народ од 1948 година. Цела генерација на деца е трауматизирана, илјадници се убиени, осакатени и останаа сираци“, се вели во објавата на УНРВА на социјалната мрежа Икс.

Во 1948 година, „накба“, позната и како „палестинска катастрофа“, се случи кога израелските трупи го окупираа Западниот Брег и Појасот Газа, проследено со прогон и раселување на Палестинците низ Блискиот Исток.

М. Д.