Две лица се префрлени во болница, а едно е полесно повредено кога хеликоптер се урна во морето на самата плажа во Мајами Бич.

За среќа жртви нема. Засега не е познато кој од тројцата патници управувал со леталото.

Полицијата во Мајами Бич добила пријава за пад на хеликоптер во 13 часот и 10 минути. На видеото објавено од полицијата на Твитер се гледа како хеликоптер паѓа во океанот многу блиску до брег полн со капачи и посетители.

На местото на настанот пристигнала Федералната управа за авијација, чии вработени затвориле дел од плажата, соопшти полицијата.

Засега не се познати околностите за падот на хеликоптерот Робинсон Р44, а истрагата за несреќата е веднаш покрената, дознава Си-Ен-Ен.

Шон Адамс дошол со својата сопруга на одмор на Мајами Бич дури од Лас Вегас, сведок на хеликоптерската несреќа што тој ја опишува како „страшно искуство“.