Силен дожд пропратен со бурни ветрови предизвика големи поплави во долината на реката Хадсон во Њујорк, при што загина најмалку едно лице, пренесува новинската агенција Асошиетет Прес.

Гувернерот на Њујорк, Кети Хочул, за радио WCBS потврди дека неколку луѓе се водат за исчезнати и дека една куќа е однесена од поплавите.

Поради поплавите, одредени патишта беа принудени да бидат затворени, додека поголемиот дел од североисточниот дел на Соединетите Американски Држави (САД) почна да се подготвува за потенцијално обилни дождови.

Во долината на реката Хадсон, спасувачките тимови се обидуваа да го извлечат телото на жената која загина во поплавите .Вонредна состојба беше прогласена на 9 јули во округот Оринџ, на околу 100 километри северно од Њујорк, а малку подоцна и околу Онтарио во западниот дел.

Прикажи повеќе