Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Италија, а потоа во текот на ноќта следуваа серија послаби земјотреси поради кои граѓаните исплашени излегоа на улиците.

Првиот, најсилен земјотрес, е регистриран синоќа во 22.08 часот на длабочина од три километри. Епицентарот на земјотресот бил во Флегрското Поле, а бил почувствуван и во Неапол.

Во 4.15 часот нов земјотрес со јачина од 2,2 степена според Рихтеровата скала се случи во Флегрските Полиња на длабочина од еден километар.

Утринава, во 6.30 часот е регистриран нов земјотрес со јачина од 3,2 степени во провинцијата Катанзаро. Земјотресот е регистриран на длабочина од 24 километри со епицентар во Амат. Се почувствува и на други места.

А потоа во 7.11 часот имаше уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степени во Реџо ди Калабрија. Тој бил на длабочина од 14 километри, со епицентар во Кардет.