Фудбалерите на Ал Наср се пласираа во полуфиналето на Купот на арапските шампиони, откако во четврт-финалето славеа со 3:1 против мароканскиот тим, Раџа Казабланка. Ал Наср поведе во 19. минута со голот на Кристијано Роналдо, десет минути подоцна Султан Ал Ганам погоди за 2:0, а Секо Фофана во 38. минута зголеми на 3:0. Во 41. минута мароканскиот тим намали по автоголот на Абдула Маду. Во вториот дел немаше голови.

Голот против Раџа Казабланка е 16. во 22. натпревар за Роналдо. Ал Наср во полуфиналето на 9. август ќе игра против ирачкиот клуб Ал Шорт.

Во второто полуфинале ќе играат Ал Хилал и победникот од мечот Ал Шабаб – Ал Вахда. Во Купот на арапските шампиони преку квалификациите и главниот турнир учествуваа 37 клубови, а наградниот фонд е 10 милиони долари.

Прикажи повеќе