Најмалку шест лица загинаа, а 37 се повредени во голем верижен судир предизвикан од песочна бура во американската сојузна држава Илиноис. Несреќата, како што јави Си-ен-ен, се случила во понеделникот нешто пред 11 часот по средноевропско време, а во неа учествувале најмалку 72 возила.

Судирот се случил јужно од главниот град на Илиноис, Спрингфилд, откако песочна бура го зафатила автопатот.

Најмалку 37-мината повредени, со повреди кои се движат од полесни до опасни по живот, се пренесени в болница. Нивната возраст се движи од 2 до 80 години.

Прикажи повеќе