Јувентус на пенали го победи ривалот од Серија А, тимот на Милан, натпреварот во регуларниот тек заврши 2-2. Росонерите двапати водеа но на крајот загубија.

Резултатот беше отворен во 23. минута кога Тиау постигна гол по центаршут на Тео Ернандез за водство на Милан од 1-0.

Десет минути подоцна Данило најдобро се снајде во една мешаница и изедначи на 1-1. Но веќе во 39. минута Жиру постигна гол и го врати водството на росонерите. По три минути игра во второто полувреме Ругани погоди за 2-2. Тоа беше конечен резултат.

Во пенал серијата двете екипи шутнаа по шестпати, тројца промашија кај Милан, Ромеро, Побега и Бартесаги. Во составот на Јувентус двајца не реализираа, Илинг Жуниор и Костиќ.

Прикажи повеќе