Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе учествува во плејоф за едно Светско првенство, откако вечерва во Скопје го победи Исланд со 3:1 во последното коло од квалификации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во соблекувалната со песната „Земјо Македонска“ го прославија големиот успех.

Извлекувањето на групите за баражот е закажано за 26 ноември.