Словачкиот атлетичар Борис Оравец, вљубеник во екстремните спортови, доживеал еден од најлошите моменти во животот кога решил да се нурне во замрзнато езеро. Во еден момент бил дезориентиран и постоела опасност да не се појави на површината.

Оравец решил да исплива околу 20 метри под мразот, но на неколку метри од излезот се дезориентирал и очајно барал инструкции од своите помошници како да излезе.

Во тој момент сите ги зафатила паника, а неколку асистенти дури се обиделе да го скршат мразот со свои тела и удари.

По неколку секунди чист очај, Борис стана доволно смирен да го побара безбедносното јаже и успеа да излезе од замрзнатото езеро.

Оравец, инаку, игра хокеј, а се занимава и со КросФит, како и Ајс Крос.