Голем пожар имало во центарот на Сиднеј, а како што пренесува „9news.com“, гори седумкатница во Сари Хилс.

Стотици луѓе се евакуирани од областа бидејќи пожарот гори низ неколку ката на напуштена висококатница на улицата Рендл, во близина на главната станица. Властите соопштија дека зградата почнала да се урива.

Пожарникарите во моментов се обидуваат да локализираат нов пожар во соседната зграда, а полицијата и другите надлежни служби ги предупредуваат жителите да се држат настрана од пожарот.

Според првичните информации, пожарот избувнал околу 17:00 часот по локално време на третиот кат од зградата, а потоа се проширил и на останатите катови.

Оние кои директно биле сведоци на хаотичните сцени тврдат дека тоа бил еден од најголемите пожари што некогаш ги виделе во градот.

Прикажи повеќе