(ВИДЕО) Боно и „Ју-ту“ му оддадоа почит на Навални

Предводникот на ирската поп-рок група „Ју-ту“ – Боно го скандираше името на Алексеј Навални со публиката на концертот во Лас Вегас, САД.

– Путин никогаш не би го кажал неговото име. Затоа, мислев, вечерва луѓето кои веруваат во слободата треба да го изговорат неговото име, рече пејачот.

„Толпата вечерва го воспева… АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ,“ напиша Боно на мрежата „Х“.