Кошаркарот на Олимпијакос, Саша Везенков, е прогласен за најкорисен играч (МВП) во Евролигата за сезоната 2022/23.

Бугарскиот интернационалец зад себе има одлична сезона во која во просек постигнуваше 17,2 поени по натпревар, а неговиот просечен индекс на корисност беше 21,2.

„Ова е голема чест за мене, но секако ќе останам истиот Саша кој ќе работи напорно и ќе се обидува секој нареден ден да напредува. Кошарката е тимски спорт, секако дека голема улога во оваа награда има и мојот тим. Ова е само дополнителен мотив да продолжам да работам и да докажам дека можам да постојано при врвот“, изјави Везенков./Makfax/

Прикажи повеќе