Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди клубовите кои ќе бидат дел од второто по ранг европско натпреварување. РК Вардар 1961 се враќа на интернационална сцена, а РК Алкалоид ќе игра директно во групната фаза од ЕХФ Лига Европа.

Вардар ќе мора да игра квалификации за ова натпреварување откако минатата сезона заврши на третата позиција во домашниот шампионат, додека Алкалоид како второпласиран оди директно во групната фаза.

Ждребот за квалификациите ќе се одржи на 18. јули, а три дена подоцна ќе бидат познати и противниците на РК Алкалоид во групите.

Прикажи повеќе