По елиминацијата во првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, македонскиот првак Струга Трум Љум е префрлен во Конференциската Лига, каде во рамки од второто коло од квалификациите ќе се судри со тимот на Будуќност.

Македонскиот шампион е домаќин на првата средба, а во пресрет на истата, Буњамин Шабани истакна дека во Европа нема лесни натпревари и дека мора да се респектира секој противник.

„Прво да кажам дека и на двете стредби со Жалгирис одигравме добро. Сепак пресуди нивното искуство, ако сакате и среќата која беше на нивна страна. Секако дека бевме шокирани, но научивме дека некогаш на вакви европски мечеви и детали решаваат. Будуќност е шампион на Црна Гора.

Во Европа нема лесни противници, и покрај проблемите што ги има мора да се респектира нашиот противник. Сите во Струга Трим ЉУм сме решени да го дадеме максимумот на овој двомеч, да го минеме Будуќност и да останеме што подолго во Европа“, рече  капитенот на Струга Трим Љум.

Првиот натпревар се игра в среда на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид

Прикажи повеќе