Бројот на жртвите во воздушниот напад во Харкив се искачи на 18

Во Харкив пораснал бројот на жртви од рускиот напад на 18 лица, соопшти прес-службата на Регионалното обвинителство во Харкив, пренесува Укринформ.

„Засега знаеме за еден загинат маж. Повредени се 18 лица, меѓу кои и четири деца на возраст од три месеци до тринаесет години“, се вели во соопштението.

Според истрагата, на 27 март, околу 15.50 часот, руските вооружени сили гранатирале станбени области во областа Шевченковски во Харкив.

Оштетени се голем број високи згради, медицински установи, автомобили, училиште, градинка и друга цивилна инфраструктура.

Обвинителството, полицијата и специјализираните служби работат на местото на уште еден руски терор против цивилното население во Харкив.

М. П.