Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, вели дека суштински предлози за проширување ќе бидат презентирани во октомври. „Ќе ставиме сè на маса за да го направиме проширувањето можно, но одлуката зависи од земјите-членки“, напиша Вархеји на социјалните мрежи. Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ до 2030 година е изводливо, но само ако земјите-кандидатки и самиот блок ги удвојат своите напори. Според Вархеји, проширувањето до оваа година значи и забрзување на реформите во самите институции на Унијата. /Алсат.мк

Прикажи повеќе