Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, обвинувајќи ја дека незаконски го продала нејзиниот дел од нивниот француски имот „Château Miraval“, пренесуваат странските медиуми.

Имено, Пит тврди дека се договориле никој да не го продава својот дел од имотот без согласност на другиот. Ѕвездата на „Fight Club“ во тужбата тврди дека иако лозјето во замокот станало „неговата страст“, ​​Џоли дрско го продала својот дел на рускиот бизнисмен Јури Шефлер без негова дозвола.

„Џоли продала дел од имотот без знаење на Пит, ускратувајќи му го правото на нејзиниот поранешен сопруг да се согласи и правото на откуп… Таа го продаде својот дел иако знаеше дека рускиот бизнисмен ќе се обиде да го контролира неговиот дел од имотот и бизнисот на кој Пит се посвети, со што ќе ја поткопа понатамошната инвестиција на Бред во имотот“, стои во тужбата поднесена во Високиот суд во Лос Анџелес.

Прикажи повеќе