Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се воспостави „хуманитарна пауза“ во Појасот Газа, наведувајќи дека тоа е помалку амбициозно барање отколку прекин на огнот.

„Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија дека е потребна пауза во воените дејствија меѓу Израел и вооружените сили во Појасот Газа за да се овозможи испорака на хуманитарна помош“, рече Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека, според него, министрите разбираат дека е неопходна „хуманитарна пауза“ и дека тоа подразбира прекин на непријателствата од хуманитарни причини, додека прекинот на огнот би бил поамбициозно и трајно решение.

Прикажи повеќе