Новиот македонски прволигаш Воска Спорт доведе уште засилување во пресрет на дебитантската сезона во елитата. Тоа е Бобан Георгиев кој доаѓа од редовите на Леотар Требиње. Претходно, Георгиев настапуваше за Брегалница во домашниот шампионат.

26-годишниот крилен напаѓач играше и за Борац Бања Лука и за Радник, како о за Силекс. Тој треба да ја засили офанзивната линија на тимот на Воска.

Прикажи повеќе