Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије утрово изјави дека се блиску до постигнување на договор за примирје со Израел, додавајќи дека групата го доставила својот одговор до катарските власти, пренесуваат светските медиуми.

Преговорите за подстигнување договор меѓу двете завојувани страни, псоредувани од САД и Катар, за ослободување на заложниците што Хамас ги киднапираше во нападот врз Ирзаел на 7 октомври изминативе неколку дена е во фокусот на јавноста.

Фунционерот на Хамас, Изат ел Решик, за Ал Џезеира изјавил дека тековните разговори се однесуваат за постигнување на договор што ќе трае неколку дена и ќе вклучи аранжмани за влез на помош во Газа и размена на заложници земени од Хамас за луѓе затворени од Израел.

Тој рекол дека деговорот ќе вклучува ослободување на израелски жени и деца од Газа во замена за палестинските жени и деца од „окупациските затвори“, пренесува „Гардијан“.

Прикажи повеќе