Пред неколку дена предвремено родените бебиња – близначињата Марија и Василиј си заминаа дома како здрави бебиња, информираат од скопска Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК).

Родени се во 27 гестациска недела, Василиј со родилна тежина од 900 грама, а Марија со 940 грама.

По 72 дена престој на ОИН, каде секојдневно ја добиваа медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, Василиј го испративме дома со 2000 грама, а Марија со 2250 грама. На малите борци близначиња им посакуваме многу здравје, безгрижно детство и само радости да им носат на своите родители, велат од ГАК.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.