Бил Гејтс: Интернетот помогна „критична маса луди луѓе“ да се најдат едни со други

Основачот на „Мајкрософт“ и мултимилијардер Бил Гејтс изјави дека првично очекувал интернетот да го направи светот порационално место засновано на факти, но сфатил дека тој станал алатка за дезинформации и „луди идеи“, пишува Бизнис инсајдер.

Тој признава дека така размислувале луѓето кои ја започнале дигиталната револуција, меѓу кои бил и тој. Гејтс очекувал дека Интернетот ќе ги наведе луѓето да бараат информации и да бидат поодговорни, да се отвори „сократова дебата“ на Интернет. Сепак, тој смета дека се случило спротивно од очекуваното, односно интернетот станал средство на луѓето со „луди идеи“.

Имаше многу од нив (луѓе со „луди идеи“). Тие едноставно не се наоѓаа еден со друг, а сега со дигиталните алатки велат: „О, и ти веруваш во таа лудост? И јас. Ајде да се собереме и да имаме критична маса на луди луѓе. Да се ​​наречеме QAnon (прекар за теоретичарите на заговор), нагласи Гејтс.

Тој се надева дека младите генерации ќе бидат доволно креативни за да го решат проблемот со дезинформациите. И покрај неговите признанија за интернетот, Гејтс има позитивно мислење за вештачката интелигенција и смета дека е глупаво да се бориме против неа, бидејќи може да го намали недостигот на работна сила и да го направи светот побогат.

Г. Т.