ФК Работнички потврди дека ја засилиле својата одбрана со искусниот дефанзивец Езгон Белица, кој се враќа во дресот на „романтичарите“ по 12 години. Белица потпиша двегодишен договор со Работнички, а доаѓа од косовскиот тим Приштина.

„Имам убави сеќавања од Работнички, тогаш како млад фудбалер кој допрва се докажуваше и доби голема шанса на европските натпревари против Ливерпул. Сега сум повторно тука, дојдов за нови успеси со клубот“, изјави Белица за официјалниот веб-сајт на Работнички.

Езгон Белица (32) во Македонија играше и за Шкендија и за Охрид Лихнидос, а интернационалната кариера ја градеше во Беса Каваја, Конкордија, Интер Турку, Рига, Партизани Тирана и Приштина./Makfax/

Прикажи повеќе