Сега, кога сме повозрасни разбираме дека тоа се само знаци на мајчината љубов и внимание. Се надеваме дека ќе читате и ќе се смеете. Потсетете се на сите паметни совети кои мајките ви ги дале некогаш, а вие со потсмев сте ги прифатиле или одбиле.

Во секој случај заблогодарете им се на мајките што биле покрај вас и ве помагале при сите препреки низ животот.

  • Ти кажав сто пати да не се клацкаш на столчето!
  • Сендвичот не е ручек.
  • Ќе го најдеш таму кај што си го оставил.
  • Ти кажав!
  • Легни си, нема да можеш да станеш утре.
  • Јас завршив со училиште пред 20 години, а сѐ уште се сеќавам на таблица множење.
  • Те боли главата? Тоа ти е заради тоа што седиш цело време пред компјутер!
  • Ќе ме разбереш кога ќе имаш деца.
  • Кога јас бев колку тебе, не беше вака.
  • Зошто ти требаат толку пари?
  • Можеш да правиш што сакаш, ама кога ќе имаш твои пари!
  • Кој ќе се грижи за кучето? Кој ќе го шета кучето? Ти?! Како па да не!
  • Не сакам да го слушнам ова од тебе повеќе!
  • Ако не сакаш да студираш, ќе мора да работиш.
  • Може ли да ми направиш профил на Фејсбук?
  • Зошто ја симна капата? Те видов од прозорецот.
  • Зошто слушам лоши работи за тебе од други луѓе?
  • Ќе ми кажеш „фала“ некогаш.
  • Не учиш за мене, за тебе си е.
Прикажи повеќе